ПЕСКОВ: ОДЛУКИТЕ ЗА САНКЦИИ СЕ АВТОМАТСКИ Малку веројатно е Трамп да ги укине санкциите кон Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не очекуваат промена во американската политика на санкции против Русија, дури и ако Доналд Трамп повторно стане претседател.
„Станува збор за речиси автоматски одлуки. Немаме големи очекувања, бидејќи сме на почетокот од процесот на обновување на односите“, рече Песков, пренесе Интерфакс.
Тој додаде дека контактите со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, се корисни за размена на ставови меѓу двете страни.
CATEGORIES Свет


