НЕМА ФИЗИЧКА ПОВРЕДА – ГАК ја соопшти официјалната причина за смртта на новороденчето

Смртта настапила поради тешка респираторна инсуфициенција и незрелост на белодробното ткиво.

НЕМА ФИЗИЧКА ПОВРЕДА – ГАК ја соопшти официјалната причина за смртта на новороденчето
Фото: Принтскрин

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) денес ги објави резултатите од обдукцијата на новороденчето кое почина на клиниката. Според официјалниот извештај, на телото на бебето нема пронајдено физички повреди на органите, а смртта настапила поради тешка респираторна инсуфициенција.

Од ГАК појаснуваат дека причината била респираторен стрес синдром, односно незрелост на белодробното ткиво. Клиниката веќе го повикала семејството за да ги информира за сите детали од наодот и изрази длабоко сочувство за нивната загуба.

CATEGORIES
Share This