ТОШКОВСКИ: ИСТРАГАТА Е ВО ПОЛН ЕК, се постапува по над 50 осомничени лица

ТОШКОВСКИ: ИСТРАГАТА Е ВО ПОЛН ЕК, се постапува по над 50 осомничени лица

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека истрагата за трагедијата во Кочани е во полн ек и дека досега се постапува по над 50 осомничени лица. Според него, секој за кој постојат конкретни докази е процесуиран, а Министерството за внатрешни работи има поднесено неколку кривични пријави.

Истрагата ја води Јавното обвинителство, а Тошковски потенцираше дека таа опфаќа период од 2012 година до денес, вклучително и припадници на МВР. До сега, кривични пријави се поднесени и против седум полициски службеници, а министерот не ја исклучи можноста за нови постапки против други припадници на полицијата во иднина.

Тој нагласи дека за првпат во Македонија се гледа институционална решителност – без политички влијанија и со поддршка на Јавното обвинителство. Посочи примери на постапки против високи функционери, вклучително и судии и обезбедувања на актуелни владини претставници, како доказ за поинаквиот начин на работа на сегашното раководство на МВР.

Министерот ги обвини политичките партии СДСМ, ДУИ и Левица за обиди да ја манипулираат јавноста и да профитираат политички од народниот гнев, подвлекувајќи дека нема да дозволи институциите да бидат злоупотребени во таа насока.

На крајот, тој упати пофалба до јавните обвинители и истражителите за нивната посветеност и професионализам, оценувајќи дека истрагата е една од најобемните и најдетално водените во поновата историја на земјата.

CATEGORIES
TAGS
Share This