СДСМ: РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ДПМНЕ-ЗНАМ Е НЕУСТАВНА И УДАР ВРЗ ДЕМОКРАТИЈАТА Резолуцијата ги нарушува основните човекови права

Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда.

СДСМ: РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ДПМНЕ-ЗНАМ Е НЕУСТАВНА И УДАР ВРЗ ДЕМОКРАТИЈАТА Резолуцијата ги нарушува основните човекови права

СДСМ ја оцени Резолуцијата на ДПМНЕ-ЗНАМ како неуставна и обид за задушување на демократијата и слободата на говор, со цел да се замолчи опозицијата за темата мигранти.

Од партијата најавија дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд, оценувајќи дека Резолуцијата ги нарушува основните човекови права, особено слободата на изразување и политичко дејствување, и порачаа дека ќе се борат за демократијата со сите легитимни средства.

„СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда.“

CATEGORIES
Share This