ЕВН ИНФОРМИРА Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од општина Ѓорче Петров.
Како што соопштуваат од компанијата, во периодот од 09:00 до 16:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Борис Сарафов“ и „Атанас Иљоски“.
Прекинот е поради планирани активности во електродистрибутивната мрежа. Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги приспособат своите обврски и се извинуваат за евентуалните непријатности.
CATEGORIES Македонија


