ПОВТОРЕНИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Објавен редоследот на кандидати

На 11 јануари гласачите ќе можат да го изберат својот кандидат во четири општини.

ПОВТОРЕНИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Објавен редоследот на кандидати
Фото: Принтскрин

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово-Ростуше.

На изборите што ќе се одржат на 11 јануари идната година, редоследот на кандидатите ќе биде следниот:

1.ВРЕДИ

2.Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ

3.НАИ

4.Коалиција предводена од СДСМ

5.Група избирачи подносител – Зулхајрат Демири

6.Демократска партија на Турците во Македонија

На 162-рата седница, ДИК спроведе и јавна ждрепка за редоследот на гласачкото ливче за овие општини. Претходно, општинските изборни комисии ги потврдија листите на кандидати.

Исто така, на седницата беше донесена одлука за објавување на описите на избирачките места. Овие информации ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на ДИК, со цел граѓаните навремено да се информираат и да можат да го остварат своето право на глас.

CATEGORIES
Share This