„ОСТАВКАТА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ Е ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО“ Обвини ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека обвинителството служело за заштита на функционери на СДС и ДУИ
Партијата истакнува дека Коцевски не спровел реформи за време на својот мандат и дека неговото тактизирање со оставката покажува обид да се зачува статус кво.

ВМРО-ДПМНЕ ја оцени оставката на јавниот обвинител Љупчо Коцевски како признавање на проблемите во обвинителството, кое според партијата било партизирано и заштитувало функционери на СДС и ДУИ.
Партијата истакнува дека Коцевски не спровел реформи за време на својот мандат и дека неговото тактизирање со оставката покажува обид да се зачува статус кво. Оставката се оценува како почеток на департизација, европеизација на правосудството и неселективна правда.
ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на независно и професионално обвинителство, реформи во правосудството и враќање на довербата на граѓаните во институциите.
CATEGORIES Македонија


