ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НА САМИТ ЗА ЕУ–ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БРИСЕЛ Во фокусот ќе бидат надворешната политика, безбедноста и борбата против корупцијата

На самитот ќе учествуваат и лидерите на другите земји од Западниот Балкан, како и високи претставници на ЕУ.

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НА САМИТ ЗА ЕУ–ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БРИСЕЛ Во фокусот ќе бидат надворешната политика, безбедноста и борбата против корупцијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел ќе учествува на Самитот ЕУ–Западен Балкан, посветен на зајакнување на стратешкото партнерство, постепената интеграција во ЕУ и Планот за раст на регионот. На самитот ќе учествуваат и лидерите на другите земји од Западниот Балкан, како и високи претставници на ЕУ.

Се очекува декларација со потврда на посветеноста на ЕУ кон членството на регионот, нагласување на реформите, регионалната соработка и безбедносните прашања. ЕУ ќе го поздрави напредокот преку Планот за раст, со кој се обезбедени шест милијарди евра за реформи и инвестиции.

Во фокусот ќе бидат и надворешната политика, безбедноста, поддршката за Украина, како и соработката во борбата против корупцијата, организираниот криминал, тероризмот и хибридните закани.

CATEGORIES
Share This