ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ НАСЕЛБИ Без струја делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ НАСЕЛБИ Без струја делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Поради најавени технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска дел од жителите во Скопје и околината ќе останат без снабдување со електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Без струја од 8:20 до 14:20 часот ќе бидат дел од корисниците во селото Марино, додека од 9:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето ќе имаат и жителите на улицата „Козле“, крак 2, во Општина Карпош.

Дополнително, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, електрична енергија нема да имаат корисниците на улиците „1511“ и „1512“, во близина на автосервисот „Мечкаров“ во Општина Кисела Вода. Прекин е најавен и за дел од корисниците на улицата „Коце Металец“ во Општина Гази Баба, каде што струјата ќе биде исклучена од 11:00 до 14:00 часот.

Од РЦУК посочуваат дека прекините се дел од редовните активности за одржување и подобрување на електроенергетската инфраструктура.

CATEGORIES
Share This