НОВИОТ ЧЕШКИ ПРЕМИЕР ПОВИКА НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ШЕНГЕН КОН ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Европа треба да се заштити од шверцери и злоупотреба на мигранти
Бабиш потврди учество на Чешка на средба со земји кои се против нови миграциски решенија и најави средби со лидерите од Западен Балкан.

Новиот чешки премиер Андреј Бабиш повика ЕУ итно да ја прошири Шенген зоната кон земјите од Западен Балкан, оценувајќи дека тоа е важно за заштита на Европа од шверцери и злоупотреба на мигранти. Тој најави дека ова прашање ќе биде меѓу приоритетите на првата седница на новата влада, заедно со противењето на нови европски миграциски и еколошки политики.
Бабиш потврди учество на Чешка на средба со земји кои се против нови миграциски решенија и најави средби со лидерите од Западен Балкан. За Украина, тој рече дека ќе продолжи хуманитарната помош и апелираше за прекин на огнот и мировни решенија.
CATEGORIES Свет


