МАКЕДОНСКИТЕ ДАМИ ШТО ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2025 Победничките на Жена на годината
10 жени добија признание за професионалните и општествените достигнувања

На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и позитивна енергија, денеска во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за „Жена на годината 2025“.
Наградени беа вкупно 10 дами кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и постигнуваат значајни резултати.
Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање отворено за целата јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од нив беше составена листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои подоцна гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции и организатори.
Лауреат на главната награда „Жена на годината 2025“ е Рисима Рисимкин, авангардна македонска кореографка за современ танц.
Во продолжение, листата на победничките по категории:
-
Жена на годината – Рисима Рисимкин
-
Жена со трајни вредности – Индира Кастратовиќ
-
Жена менаџер на годината – Јелена Спасова
-
Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Венера Крлиу
-
Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Ениса Кадрии
-
Жена со најголеми достигнувања во културата – Наталија Теодосиева
-
Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ангела Мојсовска
-
Жена со најголеми достигнувања за општеството – Моника Ризовска Таневска
-
Жена со најдобар стил – Наташа Петровска
-
Инфлуенсерка на годината – Миа Арабаџиевска (@mia.arabi)
Во рамки на настанот се одржа и конференциски дел, каде свои предавања имаа: Павле Зимбаков, Сузане Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска.
Организатори на изборот се Маркетинг365 и Касиа Евентс, а овогодишни покровители се: Империјал Тобако, Ананас, Фабу, Тиквеш, Енерџи Студио, Нескафе, Бизнис Академија Смилевски, Савекс, Семанта, Скопска Пивара и други.


