ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Сончево и суво време за викендот, со магла во котлините

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Сончево и суво време за викендот, со магла во котлините

Стабилното и суво време што деновиве преовладува во земјава ќе продолжи и за време на претстојниот викенд, под влијание на изразен антициклон кој се протега од југ. Метеоролошките услови ќе бидат претежно сончеви, но во дел од котлините, особено во утринските и ноќните часови, ќе има појава на магла и ниска облачност.

Иако температурите ќе бележат благ пад во однос на изминатите денови, тие и натаму ќе се движат над просечните вредности за декември. Утринските температури за време на викендот ќе се спуштаат меѓу -3 и 3 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 7 до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје и пошироката околина времето ќе остане стабилно и без врнежи, со повеќе сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб северен ветер, а магла и ниска облачност се очекуваат во одделни делови од котлината, најчесто во раните утрински и доцните вечерни часови. Температурата наутро ќе се спушта малку под нулата, додека преку ден ќе се искачува меѓу 9 и 11 степени.

CATEGORIES
Share This