„ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ НАЈАВИ ПРЕКИН Дел од Бутел без водоснабдување

„ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ НАЈАВИ ПРЕКИН Дел од Бутел без водоснабдување

Жителите на неколку улици во општина Бутел денеска ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Без вода од 10:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Натанаил Кучевишки“, „Краишка“ и „Хо Ши Мин“.

Прекинот е поврзан со интервенција на водоводната мрежа, односно замена на вентил во близина на градинката „11 Октомври“ на улица „Натанаил Кучевишки“. Од јавното претпријатие наведуваат дека водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено веднаш по завршувањето на работните активности.

CATEGORIES
Share This