АКЦИЈА ВО ШТИП Откриена голема количина нелегална пиротехника во тезга и дом

Во Штип синоќа беше приведен 47-годишен жител на градот, по полициска акција во централното подрачје. Околу 20:15 часот, службеници на СВР Штип извршиле контрола на тезга поставена на плоштадот „Слобода“, каде што кај М.Н. биле пронајдени 1.340 парчиња различен вид пиротехника, кои веднаш биле одземени.
По првичната интервенција, со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, каде полицијата открила дополнителни 2.993 пиротехнички средства. Севкупно, од терен и од домот се одземени повеќе од 4.300 парчиња нелегална пиротехника.
М.Н. е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, кој се однесува на неовластено произведување, држење или тргување со пиротехнички средства.


