ДОДИК БОЖЕМ БЕГА А БОШЊАЧКИТЕ ВЛАСТИ БОЖЕМ ГО ГОНАТ Додик без проблем на големиот собир во Белград „Србија не ја даваме“

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик , по кого пред еден месец Босанските (дефакто бошњачкиот дел) власти во Сараево распиша потерница, повторно без проблем ја мина границата.

Додик е во Белград, каде што го најави своето учество на митингот наречен „Нема да се откажеме од Србија“. Централниот собир се одржува вечер (сабота) пред Народното Собрание во Белград, во организација на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Милорад Додик го искористи својот престој во Белград и гостуваше на телевизија кај вицепремиерот на Србија, Александар Вулин. Тој рече дека формирањето на Движењето за народот и државата од страна на Вучиќ е исклучително важно и додаде дека српскиот претседател одлично го разбрал моментот за народното собрание.

„Педесет години имаме либерален концепт кој ги обезвластува народот и државата. Затоа е исклучително важно формирањето на Движењето за народот и државата“, изјави Додик.

Поради т.н напад врз уставниот поредок, Судот на БиХ, на барање на Обвинителството на БиХ, на 17 март издаде налог за апсење на Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ. Но, досега овој налог за апсење на Додик е во стилот „Он кобајаги бега а ние божем го бараме“.

CATEGORIES
TAGS
Share This