ШОК ВО ЛИВЕРПУЛ Салах признава дека веќе нема комуникација со тренерот

Салах призна дека нема комуникација со тренерот и е разочаран од местото на клупата

ШОК ВО ЛИВЕРПУЛ Салах признава дека веќе нема комуникација со тренерот
Фото: Принтскрин

По ремито на Ливерпул против Лидс, Мо Салах откри дека неговиот однос со тренерот Арне Слот е целосно нарушен. Фудбалерот, кој долго време важи за клучен играч на „црвените“, искрено призна дека се чувствува запоставено, омаловажено и како да е „фрлен под автобус“ од клубот за кој, според него, направил повеќе од кој било друг играч на својата генерација.

„Не можам да поверувам дека седев на клупа 90 минути. Никогаш досега во Ливерпул не ми се случило да бидам три меча по ред на клупата. Искрено, премногу сум разочаран. Направив толку многу за клубот, особено минатата сезона“, рече Салах.

Тој откри дека веќе нема никаква комуникација со тренерот:

„Седам на клупата и не знам зошто. Јасно ми е дека некој не ме сака во клубот. Летоска добив многу ветувања, а сега повторно сум на клупа. Досега имав добар однос со тренерот, а сега одеднаш го нема. Не знам зошто.“

И покрај сè, Салах потврди дека го сака клубот и дека тоа нема да се промени:

„Сè уште го сакам клубот – клубот за кој и моите деца ќе навиваат. Но чувството на неправда е преголемо.“

Пред мечот против Лидс, Салах разговарал и со својата мајка:

„Ја повикав вчера и ѝ реков: ‘Не знаете дали ќе стартувам, ама јас знам.’ Им реков на моите да дојдат на мечот против Брајтон. Не знам дали ќе играм, но сакам да уживам бидејќи не знам што ќе се случи понатаму. Ќе бидам на Енфилд за да се поздравам со навивачите пред да заминам на АФКОН.“

Салах јасно го изрази чувството дека клубот го претставува како проблем, нешто со кое не се согласува:

„Во моментов гледам дека клубот ме фрла под автобус и ме претставува како проблем. Но јас не сум проблем. Направив премногу за овој клуб и сакам да ја добијам почитта што ја заслужувам. Не сакам секој ден да се борам за мојата позиција – ја имам заслужено. Не сум поголем од никого, но позицијата ја заслужив.“

На прашањето за можен трансфер во Саудиска Арабија, Салах одби да одговори:

„Не сакам да одговорам на тоа. Клубот ќе ме однесе во сосема поинаква насока.“

Фудбалерот изрази и умор од постојаните критики:

„После сè што направив за клубот, навистина боли. Замислете – одиш од дома до клубот и не знаеш дали ќе играш. Утре ќе ме критикува Џејми Карагер на телевизија, и тоа е во ред.“

Салах потоа се повика на своите бројки:

„Откако сум тука, постигнав повеќе голови од кој било играч на оваа генерација. Откако дојдов во Премиер лигата, мислам дека никој нема повеќе голови и асистенции од мене. Ако бев на друго место, медиумите веднаш ќе ме бранеа. Само јас сум во ваква ситуација.“

На крајот, тој направи споредба која одекнува:

„Се сеќавам кога Хари Кејн не постигна гол десет натпревари по ред и сите велат: ‘Хари ќе проработи’. А за мене веднаш велат: ‘треба да седам на клупа’. Извини, Хари!“

По овие настани пребогатите шеици од С. Арабија тријат раце и сметаат дека уште во јануари ќе успеат да го доведат во тамошната лига. Да потсетиме, тие од порано испратија понуда до Салах вредна 172 милиони евра годишно и да стане амбасадор на Саудиска Арабија а воедно Салах би имал и право на ко-сопственост на клубот во иднина.

Медиумите на островот пишуваат дека соиграчите му даваат целосна подршка на Салах во актуелниот судир со тренерот Арне Слот. Играчите одржале состанок свикан од капитенот Вирџил Ван Дајк и одлучиле дека тренерот Слот треба да си замине од клубот.

CATEGORIES
Share This