МИЦКОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА Бугарите во Уставот не е проблем, новите условувања потоа се катастрофа за Македонците

Проблемот не е Бугарите во Уставот, туку новите и бескрајни условувања што ќе следат, истакна Мицкоски.

МИЦКОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА Бугарите во Уставот не е проблем, новите условувања потоа се катастрофа за Македонците
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по реизборот на 18. Конгрес во Кавадарци, се осврна на односите со Бугарија, истакнувајќи дека постои желба за фер решение, но дека во моментов нема соговорник од другата страна. Тој подвлече дека прво треба да се посветиме на домашните задачи.

„Не чекаат сериозни предизвици. Имаме отворено прашање со Бугарија, но изгледа дека нема соговорник од нивна страна. Нашата цел е да постигнеме фер решение, но за секој договор сакам јасно да знам што добива Македонија и граѓаните. Сакам да знам каква иднина ќе обезбедиме за нашиот народ. Европската Унија не е подготвена да го води овој процес поради своите внатрешни проблеми. Државата премногу даде на патот кон ЕУ, што останува наша цел, но мораме да бидеме реални: прво треба да се фокусираме на домашните задачи и да обезбедиме иднина за сите граѓани – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати“, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека проблемот не е внесувањето на Бугарите во Уставот, туку новите условувања кои би следеле на патот кон евроинтеграцијата.

„Прашањето со Бугарија не е дали ќе има Бугари во Уставот – тоа може да се случи од утре и јас немам проблем со тоа. Проблемот е што тоа нема да биде крајот, туку почеток на нови и нови условувања. Македонија веќе двапати го смени своето име, знаме, документи и Устав“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека секое решение мора да обезбеди зачувување на македонскиот идентитет и да спречи нови предавства.

„Ако некогаш постигнеме решение, ќе направиме се за да осигуриме дека нашиот идентитет е зачуван и дека нема да се случи ново предавство од некој нов Заев или Филипче. Многумина велат дека еден ден СДС ќе дојде на власт и ќе прифати нов устав и промена на идентитетот. Затоа мора да се бориме сега за најдобро можно решение, како што СДС во минатото коцкаше со државата за да добие поддршка од надвор. Македонија треба да обезбеди решение кое ќе постави црвени линии и ќе спречи идни предавства, на начин што некој трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи нема да може да ги прекрши со насмевка и предавнички намери, порача Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This