ФУДБАЛСКИ ШОК ВО ТУРЦИЈА 29 играчи уапсени за местење натпревари

Обвинителството тврди дека играчите се обложувале на своите натпревари, а клубските шефови влијаеле на резултати

ФУДБАЛСКИ ШОК ВО ТУРЦИЈА 29 играчи уапсени за местење натпревари
Фото: Принтскрин

Турските власти издадоа наредба за апсење на 46 лица, меѓу кои и 29 професионални фудбалери, како дел од обемна истрага за местење резултати на натпревари, соопшти канцеларијата на Главниот обвинител во Истанбул.

Според обвинителството, 27 од фудбалерите се сомневаат дека се обложувале на натпревари во кои настапувале нивните тимови. Меѓу нив е и Метехан Балтаџи од актуелниот турски шампион Галатасарај, додека идентитетот на останатите 26 фудбалери не беше откриен.

Играњето на обложувалнички натпревари преку трето лице се припишува и на Мерт Хакан Јандаш, фудбалер на друг турски гигант, Фенербахче.

Дополнително, обвинителството нареди апсење на претседателите на два клуба кои се осомничени дека се обиделе да влијаат на исходот на натпревар меѓу нивните тимови во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата во Истанбул, која веќе го потресе турскиот фудбал, на почетокот на ноември доведе до апсење на шест фудбалски судии, како и на претседателот на прволигашот Ејупспор.

Турската фудбалска федерација (ТФФ), која најави дека работи на „чистење“ на турскиот фудбал од нелегални активности, претходно суспендираше околу 150 судии поради учество во обложување на натпревари.

Во ноември, 25 фудбалери од првата лига и речиси 1.000 други играчи од втората до четвртата лига добија суспензија со времетраење до 12 месеци.

CATEGORIES
TAGS
Share This