ЕВРОПСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ПОВТОРО ВО СКОПЈЕ Стартува 24. „Синедејс“
Под слоганот „Се гледаме од другата страна“, фестивалот ќе се одржува од 3 до 10 декември во МКЦ, Кино Фросина и Салата 25 Мај.

Со филмовите „Тоа беше само несреќа“ на Џафар Панахи, добитник на Златна палма во Кан, и документарецот „Човек лавина“ за тапанарот Драгољуб Ѓуриќиќ во режија на Слободанка Радун, вечерва се отвора 24. Фестивал на европски филм „Синедејс“.
Под слоганот „Се гледаме од другата страна“, фестивалот ќе се одржува од 3 до 10 декември во МКЦ, Кино Фросина и Салата 25 Мај. Билетите чинат 200 денари и се достапни онлајн и на влез. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, Град Скопје и Делегацијата на ЕУ.
CATEGORIES Култура


