УСТАВНАТА СУДИЈКА ДАБОВИЌ-АТАНАСОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА – Се враќа на Правниот факултет
Избрана во 2023 година, Дабовиќ-Анастасовска се враќа од академските води

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија и се враќа на Правниот факултет.
„Вршењето на функцијата судија на Уставен судија во изминатиов период за мене беше голема чест и одговорност и се трудев функцијата во овој период да ја извршувам одговорно, со голема посветеност и максимално професионлано. Но како одговорен човек по настанатите непредвидени околности сметам дека нема да можам да работам на предмети со целиот свој капацитет, кои најчесто не се од мојата потесна професионална определба на која сум се усовршувала цели 40 години”, напиша Дабовиќ.
Инаку, Дабовиќ-Анастасовска е професорка по Облигационо право и ндејзината потесна научна специјалност нема допирни точки со уставната материја. Професорката беше избрана на 12 декември 2023 година. На функцијата дојде од академската заедница, како професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, каде што мандатот ѝ беше ставен во мирување по изборот за уставен судија.
Уставниот суд е составен од девет судии. Претседателот се избира од редот на судиите на мандат од три години, без право на реизбор, додека изборот на судиите е во надлежност на Собранието, со мандат од девет години, исто така без можност за повторен избор.
Со оставката, Судот останува со седум судии, по претходното разрешување на судијката Елизабета Дуковска, чија замена сè уште не е избрана.


