БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ ОТПИШАН ОД КЛУПАТА НА МАКЕДОНИЈА – Нов селектор наскоро
Најсериозен кандидат за нов селектор е поранешниот капитен на националниот тим, Гоце Седлоски.

Благоја Милевски повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. По истекот на неговиот договор, Фудбалската федерација на Македонија официјално му се заблагодари за работењето и најави избор на нов предводник за претстојниот бараж за пласман на Светското првенство 2026.
Милевски ја презеде репрезентацијата во 2021 година, веднаш по Европското првенство. Во својот мандат на клупата на најдобрата македонска репрезентација, Милевски ја предводеше репрезентацијата на 48 натпревари. Под негово водство беа забележани 18 победи, 14 нерешени и 16 порази а Македонија стигна и до баражот за Мундијалот во Катар во 2022 година, по историската победа над Италија во Палермо, но во финалето загуби од Португалија. Зад Милевски ќе останат и двата наши најтешки порази од Англија (7-0) и неодамнешната катастрофа од Велс (7-1) во квалификациите за Мундијалот.
„Искрена благодарност до Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за посветената работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната кариера“, соопшти ФФМ.
Во наредниот период се очекува ФФМ да го назначи новиот селектор. Според информациите, најсериозен кандидат е актуелниот тренер на Вардар и поранешен капитен на националниот тим, Гоце Седлоски.


