ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ШТРАЈКУВААТ – Затворен преминот Дојран за сите возила

Граничниот сообраќај на Дојран парализиран поради штрајкот кај јужниот сосед

ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ШТРАЈКУВААТ – Затворен преминот Дојран за сите возила
Фото: Национал

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово соопшти дека на грчка страна е започнат штрајк на земјоделците, поради што сообраќајот на Граничниот премин Дојран е блокиран.

Според информациите, од 10:30 до 12:30 часот сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна е целосно во прекин за сите видови возила. Причина за прекинот е протестот на земјоделците во Грција – информираат од АМСМ.

CATEGORIES
Share This