ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Прекини на повеќе локации поради технички зафати

Денеска делови од Скопје и околината ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на мрежата, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Во општина Кисела Вода, од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Димитар Мирасчиев“. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот прекин ќе има и на ул. „Христо Татарчев“ – крак 15, во населбата Припор.
Прекин на снабдувањето со електрична енергија е најавен и за корисниците од главната улица во селото Дивље, општина Петровец, каде струјата ќе биде исклучена од 08:30 до 14:30 часот.
Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги приспособат своите активности согласно најавените исклучувања.
CATEGORIES Македонија


