БОРЕЦ СО ПРЕСВРТ ВО ВАСИЛЕВО – Добија три последователни сета и запишаа значајна гостинска победа

Борец со пресврт до победа кај Сушево и останува во врвот

БОРЕЦ СО ПРЕСВРТ ВО ВАСИЛЕВО – Добија три последователни сета и запишаа значајна гостинска победа
Фото: Принтскрин

Одбојкарите на ГОК Борец со пресврт славеа победа од 3:1 на гостувањето кај Сушево во Василево, во рамките на седмото коло од Првата лига мажи. Сушево и овојпат покажа дека е незгоден домаќин и дека не признава фаворити, но по освоениот прв сет не успеа да го издржи темпото. Борец ги доби следните три сета и со комплетен кам-бек остана во врвот на табелата.

Шампионот Струмица ја оправда фаворитската улога и убедливо го совлада младиот состав на Весна Пробиштип на гостински терен. И покрај големата борба на домаќините, искуството и квалитетот пресудија во корист на актуелниот првак.

Лирија ја запиша својата втора сезонска победа, триумфирајќи со 3:1 против Македонија Џио во Струмица. Тимот одигра дисциплинирано и беше поконкретен во клучните моменти, освојувајќи важни три бода.

Останатите натпревари од колото беа одиграни претходно, а Штип УГД, Шкендија и Универзитет во Тетово забележаа максимални победи.

На табелата, Штип УГД останува лидер со максимални 21 бод и без пораз по седум одиграни кола, а зад него се Струмица и Борец.

CATEGORIES
Share This