ЕВРОПСКАТА УНИЈА И СИРОМАШТИЈАТА – 72 милиони луѓе на работ на егзистенцијата

ЕУ сè уште има долг пат до вистинска социјална еднаквост

ЕВРОПСКАТА УНИЈА И СИРОМАШТИЈАТА – 72 милиони луѓе на работ на егзистенцијата
Фото: Принтскрин

Кога ќе се спомне името на Европската унија прво што ви доаѓа на памет е благосостојба и држави со висок стандард. Меѓутоа, статистички податоци покажуваат друга слика.

Евростат објави дека минатата година 16,2% од населението на Европската Унија, односно 72,1 милиони луѓе, било изложено на ризик од сиромаштија, што е ист процент како и во 2023 година.

На регионално ниво, 10 области во ЕУ имале повеќе од 30% од населението изложено на ризик од сиромаштија. Највисоки стапки се забележани во Гвајана (Франција) со 53,3%, следи Сиудад де Мелила (Шпанија) со 41,4% и Калабрија (Италија) со 37,2%.

Од друга страна, 28 региони во ЕУ имале стапки под 10%. Најниско изложено на ризик од сиромаштија е населението во Букурешт – Илфов (Романија) со 3,7%, потоа Источна Фландрија (Белгија) со 5,4% и Болцано/Бозен (Италија) со 5,9%, според податоците на Б92.

CATEGORIES
TAGS
Share This