ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ОД 29% Најголеми во последните 30 години, исплатата е редовна

Највисоко зголемување во последните 30 години, потврда дека Владата се грижи за пензионерите.

ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ОД 29% Најголеми во последните 30 години, исплатата е редовна
Фото: Принтскрин

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) информира дека исплатата на пензиите тече нормално и пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија на 1 декември 2025 година, во вкупна висина од 9.297.493.427 денари.

Пензинерите можат да бидат спокојни бидејќи Владата ја гарантира исплатата, а Фондот во координација со Владата секој први во месецот ќе продолжи да ги исплаќа пензиите и во 2026 година.

За наредната година, Буџетот на Република Северна Македонија обезбедува речиси 151 милијарда денари за исплата на покачените пензии, здравствено осигурување на пензионерите и трошоци за трите пензиски друштва од вториот столб.

Од Фондот потенцираат дека во периодот од 1 октомври 2024 до 1 октомври 2025 година, пензиите биле номинално покачени за 6.000 денари, што претставува процентуално зголемување од околу 29% во споредба со августовската пензија за 2024 година.

За илустрација: 1 септември 2024 исплатени се 7.210.341.000 денари за августовската пензија, на 1 октомври 2024 со покачување од 2.500 денари, исплатата изнесува 8.166.689.000 денари и на 1 октомври 2025 со второ покачување од 2.500 денари и линеарно усогласување од 1.000 денари, исплатата достигнува 9.403.340.000 денари.

Вкупните средства за исплата на пензиите во 2026 година ќе бидат повисоки за 30 милијарди денари, односно околу 500 милиони евра.

Фондот истакнува дека сите овие покачувања се насочени кон подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на влијанието на инфлацијата. Според официјалните податоци, инфлацијата изнесуваше 3,5% во 2024 година, а за 2025 година се очекува 3,9%. Покачувањето на пензиите од септември 2024 до септември 2025 година значително го надминува овој процент.

Фондот нагласува дека во последните 30 години никогаш не било забележано толку високо покачување во период од една година, што е потврда дека Владата води грижа за подобрување на стандардот на пензионерите.

CATEGORIES
TAGS
Share This