ВИТКОФ ЈА ШОКИРА УКРАИНА СО НОВА ФОРМУЛА – Што ќе ви се ракети барајте цариснки олеснувања
Американскиот пратеник ги повикува украинските власти да се фокусираат на економијата наместо на воената помош

Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, смета дека Украина треба да бара економски, а не воени гаранции од САД, пренесе „Волстрит џурнал“. Наместо ракети со долг дострел, Виткоф препорачал Киев да побара од Доналд Трамп десетгодишно ослободување од американски царини.
„Која е поентата од неколку ракети?“, ги прашал тој американските претставници, повикувајќи ги да размислат за поинаква стратегија.
Според весникот, Виткоф нагласил дека укинувањето на царинските давачки би создало дополнителни стимули за украинската економија и би придонело за стабилност во следната деценија.
Истовремено, „Волстрит џурнал“ потсетува дека рускиот претседател Владимир Путин, на разговорот одржан на 16 октомври, го предупредил Трамп дека испраќањето ракети Томахавк во Украина може да предизвика сериозна ескалација. На 23 октомври, Путин повторно изјави дека рускиот одговор би бил „многу сериозен, ако не и зачудувачки“, доколку овие ракети бидат употребени за напади врз руска територија.

