ФИЛМОТ ЗА МИР ВО УКРАИНА ПРОДОЛЖУВА – Една анализа на преговорите во Женева и неизвесната судбина на мировниот план на Трамп

Дипломатскиот маратон во Женева ја покажува тенката рамнотежа меѓу војна и мир.

ФИЛМОТ ЗА МИР ВО УКРАИНА ПРОДОЛЖУВА – Една анализа на преговорите во Женева и неизвесната судбина на мировниот план на Трамп
Фото: Принтскрин

Изминатите три дена вест број еден во светот беа преговорите во Женева, Швајцарија за постигнување наа мир во Украина. Секако интересно е да се навратиме кои беа лицата кои преговараа за мировно решение.

Во Женева беа присутни високи претставници на САД и Украина, како и советници за национална безбедност од Франција, Велика Британија и Германија во обидто да се постигне мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.

Во името на САД беше новоименуваниот специјален пратеник за промоција на мировниот план, Даниел П. Дрискол како и специјалниот пратеник Стив Виткоф и државниот секретар Марко Рубио.

Украинската делегација ја предводеа шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, а присуствуваа и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, началникот на Главната дирекција за разузнавање (ГУР) Кирил Буданов, началникот на Генералштабот Андриј Гнатов и други високи претставници.

Трамп изјавуваше дека украинскиот претседател Володимир Зеленски има рок до 27 ноември да го одобри планот од 28 точки, но подосна ретерираше дека планот не е конечен:

„Би сакале да склучиме мир, тоа требаше да се случи одамна. Војната во Украина со Русија никогаш не требаше да се случи. Се обидуваме да ја завршиме.“

Европските сојузници оценуваат дека планот може да послужи како основа за преговори, но потенцираа дека треба да се доработи. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека планот е добра основа за работа, но конечниот договор зависи од европските држави и НАТО.

Планот содржи 28 точки и според објавеното се сведува на следното: Украина да се откаже од дел од својата територија, да ја намали армијата и да се откаже од членството во НАТО, Русија да ги задржи Доњецк, Луганск и Крим, но да се откаже од другите освоени територии, Украина да добие западни безбедносни гаранции за спречување на понатамошни руски напади, и глобален пакет мерки за обнова на Украина, вклучително формирање на „Украински фонд за развој“ за инвестиции во индустрија, технологија, центри за податоци и вештачка интелигенција.

Украина изрази загриженост поради тоа што планот вклучува клучни руски барања, додека Зеленски предупреди дека Украина „или ќе го изгуби достоинството или ќе ризикува да изгуби голем партнер“.

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека Москва го добила американскиот план и дека тој може да послужи како основа за мир. Путин нагласи дека Украина е против планот и дека Киев и европските сили не ја разбираат реалноста на фронтот.

Лидерите на Нордиско-балтичката осумка (НБ8) истакнаа дека Русија сè уште не се обврзала на прекин на огнот или на конкретни чекори за мир. Форматот НБ8 ги вклучува Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска.

Активностите за мир во Украина продолжуваат.

CATEGORIES
TAGS
Share This