ОТКРИЕНО ПРИСУСТВО НА БАКТЕРИИ ВО ООУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ Бактериите пронајдени во храната и на три чешми во училиштето
Станува збор за бактерии што се пренесуваат со допир и предизвикуваат дијареа, повраќање и стомачни тегоби.

Во ООУ „Димо Хаџи Димов“ беше откриено присуство на грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae во мусаката што се служела пред два дена, како и на три чешми во училиштето. Станува збор за бактерии што се пренесуваат со допир и предизвикуваат дијареа, повраќање и стомачни тегоби. Седум ученици се хоспитализирани, но се во стабилна состојба, а кај една вработена е откриена стафилокока во носот. Дел од анализите сè уште се обработуваат.
Институтот за јавно здравје информира дека млекото, муслите и кроасаните се микробиолошки исправни.
„Водовод и канализација – Скопје“ направи вонреден мониторинг и утврди дека водата во училиштето е санитарно исправна и безбедна за употреба.
Родителите дополнително носат примероци во ИЈЗ. Премиерот Мицкоски потврди дека неговиот син е добро.
Надлежните предупредуваат на лесното ширење на норовирусот и апелираат за зголемена хигиена. Децата со симптоми треба да останат дома и по потреба да се јават кај матичен лекар. Пред два дена, над 40 ученици пријавиле стомачни тегоби.

