ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – Син ми е добар и се враќа на училиште по три дена инфузии
Премиерот ја демантираше информацијата дека неговиот син бил во тешка состојба

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека неговиот син бил меѓу учениците кои се разболеле во училиштето „Димо Хаџи-Димов“ во Карпош. Тој нагласи дека сега Антони е во добра здравствена состојба по три дена примање инфузии.
„Антони беше дел од групата деца кои се разболеа. Иако медиумите известуваа дека бил во тешка состојба, сакам тоа да го демантирам – имаше симптоми слични на сите други деца. Тој примаше инфузии три дена и не присуствуваше на училиште во тој период. Антони е храбро и енергично момче, сака да се дружи, и претпоставувам дека сите ученици заедно ручале и конзумирале иста храна“ истакна премиерот.
Премиерот Мицкоски додава дека сега останува институциите да утврдат дали причината е храната или нешто друго.
„Од она што знам, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува сите неопходни испитувања. Апелирам да почекаме и да не даваме предвремени заклучоци. Денеска мојот син е подобро и очекувам од понеделник да се врати на училиште“, изјави Мицкоски.

