КОНЦЕРТ НА ТАЊА ЦАРОВСКА И КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР БИТОЛА Спој на светски звуци со македонската музичка традиција

Настапот е дел од 17. Фестивал на музика од светот, кој започна синоќа со групата „Фонтана“ и гостинката Гамезе Матраџи од Измир.

КОНЦЕРТ НА ТАЊА ЦАРОВСКА И КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР БИТОЛА Спој на светски звуци со македонската музичка традиција

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола вечерва во 20 часот во Центарот за култура ќе одржат концерт со традиционални песни од различни култури, спојувајќи светски звуци со македонска музичка традиција.

Царовска, со речиси три децении меѓународна кариера и препознатлив глас во филмската музика, ќе изведе мелодии што ги собирала низ годините, на повеќе јазици. Настапот е дел од 17. Фестивал на музика од светот, кој започна синоќа со групата „Фонтана“ и гостинката Гамезе Матраџи од Измир.

CATEGORIES
Share This