ЖОЛТО ПРЕДУПРЕДУВ АЊЕ ОД УХМР Ризик од поплави во повеќе региони
Мапата на УХМР покажува критични точки со можни излевања

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто предупредување за можни поплави. Според мапата што ја достави УХМР, постои зголемен ризик од излевање на речните корита, особено во западните и источните региони на земјата.
„Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој моментално има во сливот на река Брегалница вклучително и нејзините притоки, во сливот на Крива и на Пчиња, како и во сливот на река Струмица заедно со притоките и суводолиците во рамки на нивните сливови. Во текот на денешниот ден се очекува да останат високи водостоите во посочените сливови, а на поединечни места можно е да има локални излевања или заезерувања на водата“, соопшти УХМР.

