ЈП ВОДОВОД ПОТВРДИ Водата во „Димо Хаџи Димов“ безбедна за употреба

Физичко-хемиски и микробиолошки тестови потврдија целосна исправност на водата

ЈП ВОДОВОД ПОТВРДИ Водата во „Димо Хаџи Димов“ безбедна за употреба
Фото: Принтскрин

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година потврдил дека водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.

По пријава од училиштето, екипи од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница и кујна. Два примероци биле испитани со физичко-хемиска анализа, а два со микробиолошка анализа.

Резултатите покажале дека водата во сите примероци ги исполнува стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од претпријатието нагласуваат дека водата во училиштето е санитарно исправна и може непречено да се користи.

CATEGORIES
TAGS
Share This