КАЗНЕТИ ЧЕТИРИ ФИРМИ И ССК СО 218.000 ЕВРА ЗА КАРТЕЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ Се договориле да не прифаќаат нови и зголемени цени од добавувачите
Во соопштението се наведува дека фирмите и ССК учествувале во забранет договор според член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој дозволува глоба до 10% од годишниот приход при нарушување на конкуренцијата.

Комисијата за заштита на конкуренцијата казни четири фирми и Сојузот на стопански комори (ССК) со вкупно 218 илјади евра поради картелско однесување и договор да не прифаќаат нови или зголемени цени од добавувачите. Секоја фирма ќе плати по 50 илјади евра, а казната за ССК, како координатор на активностите, изнесува 18.585 евра.
Во соопштението се наведува дека фирмите и ССК учествувале во забранет договор според член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој дозволува глоба до 10% од годишниот приход при нарушување на конкуренцијата.
Од ССК изјавија дека одлуката ќе се почитува. Министерството за економија најави и повеќекратно зголемување на казните во Законот за нефер трговски практики, што според аналитичарите може да помогне во стабилизирање на цените на подолг рок.

