СПАСОВСКИ ПРИЗНАВА Што ќе ни се наши црвени линии – бугарските позиции важат за сите

Спасовски се повелува од координатор на СДСМ поради несогласување со стратегијата која ја туркал дел од раководството, особено со концептот за т.н. „црвени линии“ во однос на Бугарија.

СПАСОВСКИ ПРИЗНАВА Што ќе ни се наши црвени линии – бугарските позиции важат за сите
Фото: Принтскрин

Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостување на ТВ Сител откри дека уште одамна побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ. Неговото барање, како што нагласи, не било поврзано со слабите резултати од локалните избори, туку со внатрешни процеси во партијата.

Спасовски појасни дека одлуката да се повлече ја донел во периодот кога се подготвувала резолуцијата за односите со Бугарија. Веднаш пред документот да биде доставен во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата која ја туркал дел од раководството, особено со концептот за т.н. „црвени линии“ во билатералниот спор.

Токму поради тој курс, истакна Спасовски, побарал да не ја извршува повеќе координаторската функција.

Дополнително, тој посочи дека со години предупредувал оти во партијата се прикрива реалната состојба, што, според него, резултирало со „целосно дно“ на последните локални избори.

Спасовски верува дека СДСМ може да се врати на нозе само ако повторно ги активира членовите кои се повлекле од партиските активности. Според него, задача на новиот претседател, Венко Филипче, е да ги охрабри тие кадри да се вратат. Притоа потенцира дека не мисли на оние што преминале во ВМРО–ДПМНЕ, туку на поранешни членови кои останале пасивни, но не и политички префрлени.

CATEGORIES
TAGS
Share This