ВРХОВНИОТ СУД ЈА ПОТВРДИЛ КАЗНАТА Поранешниот бразилски претседател Болсонаро заминува во затвор
Тој беше осуден во септември за заговор за државен удар по победата на актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

Врховниот суд на Бразил ја потврди затворската казна од 27 години и три месеци за поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој треба да ја издржува во полициска станица во Бразилија, во ќелија од 12 m². Казни добија и шестмина негови соучесници во планирање на државен удар по поразот на изборите во 2022 година.
Судот ја одби жалбата на Болсонаро и пресудата стана конечна. Тој беше осуден во септември за заговор за државен удар по победата на актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва. Неговиот син Карлос изјави дека Болсонаро е „психолошки уништен“.
CATEGORIES Свет

