ПАД НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА Причината е зголемениот оптимизам за можен мировен договор помеѓу Русија и Украина

Нафтата е во пад од почетокот на годинава, а овој месец се очекува да биде четврти последователен месец на поевтинување.

ПАД НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА Причината е зголемениот оптимизам за можен мировен договор помеѓу Русија и Украина

Цените на нафтата го забележаа најголемиот пад во последните пет недели: Брент поевтини за 2,5% на 61,7 долари по барел, а WTI за 2% на 57,7 долари. Според Trading Economics, причината е зголемениот оптимизам за можен мировен договор меѓу Русија и Украина, по сигналите дека Киев е подготвен да прифати ревидиран план.

Зеленски потврди дека разговорите со САД продолжуваат, додека ставот на Москва останува неизвесен. Намалување или крај на конфликтот би можел силно да влијае врз енергетските пазари, бидејќи руското производство е ограничено од санкции и напади врз рафинерии. Зголемување на руската понуда би додало количини на веќе заситениот пазар, каде што понудата расте побрзо од побарувачката.

CATEGORIES
Share This