ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА ВО МАКЕДОНИЈА Се очекуваат обилни врнежи од дожд и засилен јужен ветер
Граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни, особено при движење и планирање активности на отворено, поради ризик од одрони, намалена видливост и можни поплавувања на пониските делови.

Денеска целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд, кои на одделни места може да бидат поинтензивни. Времето ќе биде проследено со повремено засилен јужен ветер, кој повремено ќе достигнува и силни удари, што дополнително ќе ја влоши временската состојба. Постои и можност за локална појава на грмежи, а на поединечни подрачја овие процеси може да се развијат во форма на краткотрајно, но поинтензивно невреме, со пороен дожд и засилен ветер.
Граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни, особено при движење и планирање активности на отворено, поради ризик од одрони, намалена видливост и можни поплавувања на пониските делови.
CATEGORIES Македонија

