МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ВО ЕУ Понудата на Орбан да помогне во решавањето на спорот со Бугарија се уште е на маса

Бока потенцираше дека понудата на унгарскиот премиер Орбан сѐ уште е на маса за тој лично да помогне во билатералниот спор на Македонија со Бугарија

МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ВО ЕУ Понудата на Орбан да помогне во решавањето на спорот со Бугарија се уште е на маса

Министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, денес, во рамките на дводневната посета нана Република Македонија на средба со домаќинот, македонскиот министер за европски прашања Орхан Муртезани.

На средбата, министерот Бока истакна дека Европските земји треба да ја имаат предвид геостратешката важност на регионот, а Унијата фундаментално да се промени. ЕУ ѝ треба на Македонија, но и обратно – Македонија ѝ треба на ЕУ, изразувајќи силна поддршка за македонскиот евроинтегративен пат. Исто така, Бока потенцираше дека понудата на унгарскиот премиер Орбан сѐ уште е на маса за тој лично да помогне во билатералниот спор на Македонија со Бугарија.

Министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, порача дека македонско-унгарското пријателство е доказ дека Европа не е само бирократија.

На заедничката прес конференција министрите Бока и Муртезани истакнаа:

„Сакаме да се забрза техничкиот и административниот процес во рамките на европските институции. Ги повикуваме сите земји членки на Европската унија да ја имаат предвид геостратешката важност на регионот за ЕУ, како и економските капацитети што Западен Балкан може да ги донесе за Унијата. Постојано слушам дека има нов ентузијазам за проширување и се надевам дека тоа е така“, кажа Јанош Бока.

„Имајќи предвид дека токму за време на европското претседателство со Советот на ЕУ минатата година, прашањето за проширувањето на Унијата и интеграцијата на Западниот Балкан беше ставено високо на приоритетите на претседавањето, а со тоа и на европската агенда“, рече Охрхан Муртезани.

Двајцата министри денеска потпишаа и Меморандум за соработка за партнерство при европските интеграции. Следен чекор ќе биде утврдување на работниот план за активностите на двете страни, за Меморандумот за соработка кој главно се однесува на техничко усогласување со правото на ЕУ и начините на искористување на европските фондови.

CATEGORIES
TAGS
Share This