ВОЈНИЧКА ДИСЦИПЛИНА – На војниците во Хрватска им се забранува носење бради и долги коси

Војниците мора да изгледаат уредно и соодветно - дисциплината е основа на армијата.

ВОЈНИЧКА ДИСЦИПЛИНА – На војниците во Хрватска им се забранува носење бради и долги коси
Фото: Принтскрин

Идните регрути во Хрватска нема да можат да носат коса до рамената, но нема да бидат обврзани на таканаречената „нуларица“ изјави вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, истакнувајќи дека воената служба „не е екскурзија“.

Анушиќ го кажа ова на прес-конференција, објаснувајќи ги правилата за двомесечната задолжителна воена служба, која се очекува да биде воведена следната година.

„Косата ќе мора да биде потстрижена, но не до нула. Војниците не можат да имаат долга коса до рамената и сепак да бидат во армија“, нагласи Анушиќ, додавајќи дека овие правила се минимални и имаат практична и безбедносна функција.

Долгата коса или брадата претставуваат проблеми при секојдневните воени активности, во борбени услови, како и при хигиената и носењето на опрема.

„Војникот мора да изгледа уредно и соодветно. Дисциплината е основа на војската, а ова не е екскурзија“, заклучи министерот, пренесоа хрватските медиуми.

CATEGORIES
TAGS
Share This