ПОРТПАРОЛОТ ПЕСКОВ – Москва сè уште не го добила американскиот мировен план
Нацрт-верзијата од 28 намалена на 19 точки е единствената што ја има Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија сè уште не го добила ажурираниот американски план за Украина, кој е намален од 28 на 19 точки. Досега Москва добила само нацрт-верзија.
Песков ситуацијата ја опиша како „информативна баканалија“, поради бројните контрадикторни информации и изјави за планот. Според Песков, преговорите во Истанбул биле прекинати од Украина, а моментално се водат разговори со САД врз основа на планот на Трамп. Русија останува отворена за дипломатски решенија.
Портпаролот нагласи дека дискусијата за безбедност без европско учество е невозможна, но нивното вклучување ќе биде потребно во одреден момент.
Претседателот Путин порано изјави дека американскиот план може да послужи како основа за мирно решение, но преговорите се одложени поради недостаток на согласност од Киев и европските сојузници.

