ОВА Е ГЕНОЦИД – Мајка на жртва од Пулс со силно обвинение

Мајката на загинатиот Томас Златков со тешки обвинувања против институциите пред второто рочиште.

ОВА Е ГЕНОЦИД – Мајка на жртва од Пулс со силно обвинение
Фото: Национал

Со силни емоции и жестоки критики кон институциите, Јулија Златкова мајката на трагично загинатиот Томас Златков денеска пред почетокот на второто рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно побара правда за 63-те млади жртви.

„Мора да има правда за нашите убиени деца. Ако сакаме да имаме држава, никогаш не смееме да ги заборавиме“, порача Златкова.

Таа јавно праша кој му овозможил на сопственикот на локалот да го „задуши и убие“ нејзиниот син, укажувајќи на целата институционална мрежа која, како што рече, дозволила трагедијата да се случи.

„Кој му помогна во тоа злосторство? Синот, братот, обезбедувањето, полицајците, градоначалниците, инспекторите од сите институции, министрите… Ова не е убиство, ова е геноцид“, изјави таа.

Златкова изрази длабоко разочарување од системот, но и од големиот број адвокати кои ги застапуваат обвинетите од Кочани, оценувајќи дека тоа дополнително го засилува сомнежот за силно вмрежување и корупција во градот.

Семејствата со големо нетрпение го очекуваат обвинителниот акт за осомничените полициски службеници, чија истрага ја води ОЈО ГОКК. Родителите бараат правдата конечно да добие конкретни имиња и презимиња.

CATEGORIES
TAGS
Share This