СО ПОБЕДА ДОМА, ВАРДАР МОЖЕ ДА ЈА ОСИГУРА ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА Во спротивно, доволна ќе биде победа во последното коло против Македонија ЃП

СО ПОБЕДА ДОМА, ВАРДАР МОЖЕ ДА ЈА ОСИГУРА ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА Во спротивно, доволна ќе биде победа во последното коло против Македонија ЃП

До крајот на есенскиот дел во Првата машка фудбалска лига остануваат уште две кола. По 14. коло, Вардар води со 36 бодови, Струга ТЛ има 35, а Шкендија 30. Вардар може да ја осигура есенската титула веќе во 15. коло ако победи дома против Шкупи, а Струга ТЛ загуби од Башкими.

Ако тоа не се случи, Вардар сепак ќе биде лидер по последното коло со победа над Македонија ЃП, без оглед на резултатите на другите. Шкендија, теоретски, има шанси за есенски првак, но тоа би било многу тешко и бара совршени резултати од нив и порази на Вардар и Струга ТЛ.

CATEGORIES
Share This