„ИКС“ (ПОРАНЕШЕН ТВИТЕР) ВОВЕДУВА НОВА ФУНКЦИЈА Целта е зголемена транспарентност и проверка на автентичноста
Според раководителот на производи Никита Бир, целта е зголемена транспарентност и полесна проверка на автентичноста.

„Икс“ воведува нова функција која ќе прикажува повеќе информации за корисниците, како земјата од која се најавуваат, бројот на промени на корисничкото име, земјата каде е создаден профилот и начинот на регистрација.
Функцијата е во тестирање и уште не е достапна за сите. Според раководителот на производи Никита Бир, целта е зголемена транспарентност и полесна проверка на автентичноста. Корисниците што користат ВПН може да видат забелешка за неточна локација.
Веќе е можно да се гледаат сопствените податоци преку „Приклучен“, а ќе има и дополнителни опции за приватност.
CATEGORIES Магазин

