СКАНДАЛ ИЛИ ЛАЖНА ВЕСТ Рома кафе ги демантира обвинувањата поврзани со Аца Лукас
Настапот бил промоција на криптовалутата на Аца Лукас, без користење на непријавени површини.

Сопственикот на Рома кафе остро ги демантира изјавите на градоначалникот на Кавадарци, д-р Митко Јанчев, како и некои медиумски пишувања за наводни пропусти од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторатот за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци.
Во однос на настанот со Аца Лукас, сопственикот нагласува дека не е сторено ниту едно прекршочно дело наведено од градоначалникот и медиумите. Објектот каде се одржа настанот бил издаден под наем, и целата правна обврска и одговорност при инспекциски надзор е на страната на правниот субјект, што е потврдено со писмен договор. Што се однесува до пејачот, Аца Лукас имал валиден влез и престој, потврден од судијата во Основниот суд во Кавадарци. Настапот бил наменет за промоција на неговата криптовалута. Тротоарот за кој имало барање до општината не бил одобрен, но тоа не се однесувало на самиот настан. Инспекторите од УЈП и ДПИ ќе поднесат соодветни поднесоци за евентуални неправилности поврзани со правниот субјект кој изнајмил објектот.
Рома кафе, во согласност со законските прописи и упатствата од градоначалникот, поднело соодветни барања до Општина Кавадарци, Противпожарна единица, ЈЗУ Општа болница и Полициска станица – Кавадарци, со цел информирање за настанот и присуство поради поголем број посетители. Сите насоки од надлежните институции биле исполнети.
Сопственикот нагласува дека не е точно дека било загрозено безбедноста, бидејќи по приведувањето на Аца Лукас во 00:10 часот, Рома кафе продолжило со работа до 01:00 часот. Тврдењата дека во објектот имало 700 гости се неточни; реалниот број бил 400 гости, сите пријавени и со обезбедени безбедносни услови. Доколку условите за работа не биле исполнети, надлежните институции можеле да реагираат пред започнување на настанот, бидејќи сите документи биле доставени 7 дена однапред Рома кафе продолжува да работи согласно законските прописи и норми, потврдувајќи го својот 21-годишен успешен континуитет на пазарот – се вели во реакцијата на Рома кафе.

