76-ГОДИШЕН ПЕШАК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ГОСТИВАР Во него удрило возило управувано од 63-годишен жител на с. Мало Турчане
Пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

МВР соопшти дека вчера околу 19:45 часот на кејот „Братство-Единство“ во Гостивар, 76-годишен пешак е тешко повреден откако во него удрило возило „фолксваген шаран“, управувано од 63-годишен жител на с. Мало Турчане.
Пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа на гостиварската полиција.
CATEGORIES Македонија

