САМИТОТ НА Г20 ВО СЕНКА НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Притисок врз Киев, тензии околу планот на Трамп

Трамп, кој не присуствува на самитот, тврди дека мирот е близу и бара Киев да го прифати американскиот план до 27 ноември, предупредувајќи дека во спротивно ќе ја ограничи помошта.

САМИТОТ НА Г20 ВО СЕНКА НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Притисок врз Киев, тензии околу планот на Трамп

Дводневниот самит на Г20 во Јужна Африка започна во услови на бојкот од САД и тензиите околу Украина. Европските лидери на маргините разговараат за мировниот план на Трамп, додека Брисел предупредува дека решението не смее да му оди во прилог на Путин. Генералниот секретар на ОН Гутереш потсетува дека територијалниот интегритет на Украина мора да биде почитуван.

Трамп, кој не присуствува на самитот, тврди дека мирот е близу и бара Киев да го прифати американскиот план до 27 ноември, предупредувајќи дека во спротивно ќе ја ограничи помошта. Зеленски признава дека Украина е под силен притисок и дека се соочува со тежок избор меѓу достоинството и губење клучен партнер.

Путин изразува подготвеност за преговори и смета дека планот на Трамп може да биде основа за решение. Според американски медиуми, предлогот вклучува Украина да се откаже од контролата врз Донбас, а Крим, Доњецк и Луганск да бидат признати како руски, со низа дополнителни услови за двете страни.

CATEGORIES
Share This