ДЕНЕС ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ За викенд и почеток на неделата следува застудување и снег на планините

ДЕНЕС ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ За викенд и почеток на неделата следува застудување и снег на планините

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На поединечни места врнежите ќе бидат пообилни, со услови за краткотрајно невреме проследено со грмежи и засилен јужен ветер.

Во текот на денот ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат во широк опсег – минималните од 7 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат од 13 до 19 степени.

Во главниот град времето ќе биде променливо облачно со периодични врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 9 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 18 степени.

УХМР соопштува дека утре (недела) ќе продолжи променливото и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини, поради продор на постудена воздушна маса, дождот ќе преминува во снег.

Во понеделник и вторник се очекува појава на пониски утрински температури и почувствително заладување, со услови за нови локални врнежи кон средината на следната работна седмица.

CATEGORIES
Share This