УСТАВНИОТ СУД СЕ МАЈТАПИ СО НАРОДОТ – Кацарска не е независна, туку судија со награда за политички осуди
Што друго може да се очекува од Уставен суд кога сите негови членови се избрани преку линии кои немаат врска со знаење, способност или достигнувања

Единствена Македонија најостро го осудува денешното соопштение на Уставниот суд, со кое се истакнува дека судијката Добрила Кацарска е „судијка со интегритет, самостојност и независност“. Според партијата, ваквите тврдења на судот претставуваат отворен мајтап со народот.
„Што друго може да се очекува од Уставен суд кога сите негови членови се избрани преку линии кои немаат врска со знаење, способност или достигнувања?“, се вели во соопштението.
Од Единствена Македонија посочуваат дека јавноста добро знае дека Добрила Кацарска дошла во Уставниот суд преку, како што велат, „непристоен и срамен пазар“ – наменска осуда за настаните од 27 април во замена за судиска функција. Партијата додава дека Кацарска е дел од проблемот, а решението е нејзиното отстранување од судот, со што, според нив, би се прекинало поврзувањето со темното минато.
„Јавноста знае дека марионетата Зоран Заев ѝ ја испорача ветената награда – претседателско место во Уставниот суд за успешно завршената работа на нарачаната осуда на македонските патриоти, како што се Вилијам Михајловски Гајда и другите, за 27 април, на затворска казна од два века“, се додава во соопштението.
Единствена Македонија заклучува дека изборот на Кацарска за судијка во Уставниот суд ја потврдува „поразителната вистина дека Македонија продолжува да се држи до линијата на темното минато, каде што за нарачани судски одлуки следувале награди за судски функции“.

