КАЛАС: ПЛАНОТ ОД 28 ТОЧКИ НЕМА ДА УСПЕЕ БИДЕЈЌИ НЕМА ПОДДРШКА ОД ЕУ Мировниот план мора да биде прифатен од Европа и Украина

Европските и украинските претставници го одбија новиот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека во голема мера ѝ оди во прилог на Москва и би можел да го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со агресијата кон НАТО.
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, порача дека планот од 28 точки нема да успее бидејќи нема поддршка од Киев и ЕУ, која е најголемиот донатор на Украина. Таа нагласи дека секој мировен план мора да биде прифатен од Украина и Европа и дека притисокот треба да биде насочен кон агресорот, а не кон жртвата.
CATEGORIES Свет

